Цакалатос: Новите реформи нема да имаат „нето“ финансиски ефект
Новите реформи за пензиите и данокот на доход, што Грција треба да ги спроведе за да може да добие уште заеми нема да имаат „нето“ финансики ефект, изјави грчкиот министер Евклидис Цакалатос.
Неговата изјава ги потврди претходните искази на грчките официјални претставници, според кои новите реформи ќе бидат „финансиски неутрални“.
- Некои може да изгубат, но други ќе добијат. Некои, на кои во моментот не им помагаме, а би требало, ќе добијат, посочи Цакалатос, кометирајќи ги новите мерки договорени во понеделникот со меѓународните кредитори.
Цакалатос истакна и дека Владата треба да направи се што може за да гарантира дека оние кои плаќаат данок, а поднеле најтежок удар, ќе добијат нешто во замена.
Кредиторите кои одобрија 86 милијардии евра за Грција, треба да го оценат напредокот од спасувачката програма, пред да одобрат нови средства.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ