Бушманите објавија „Етички кодекс“ за учесниците на научни истражувања
Припадниците на племето Сан во Јужна Африка, кои на Запад често ги нарекуваат Бушмани, со децении се предмет на научни истражувања, па сега тиа бараат за возврат да добијат почитување.
Бужманите објавија „Етички кодекс“ во кои бараат научниците да исполнат одредени услови, како што добивање одобрение за истражувањето од Советот на племето Сан, да не фотографираат поединци без нивно одобрување и да одговараат за вистинитоста на резултатите од истражувањата, наведува магазинот „Смитсониан“.
Тие исто така, бараат научниците да ја споделат со остатокот на светот ползата од студиите, при што се мисли на знаењето, а не на парите.
- Во текот на последните неколку децении не преплавија истражувачи. Не го доведуваме во прашање истражувањето, но треба да се извршува според одедени стандарди, вели Хени Сворт, директорка на Јужноафриканскиот институт на племето Сан.
Иако „Кодексот“ не е правно обврзувачки, истражувачите кои ќе го прекршат нема повеќе да можат да се занимаваат со истраживања во овој дел на Африка.
Сан, чии припадници во Јужна Африка достигнуваат бројка од 8.000, е прва африканска заедница што усвојува ваков „Кондес“.
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир