Бурата Ото ја погоди Скандинавија
Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.
Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на полуостровот Јитланд.
Градежна компанија од Копенхаген евакуираше 280 жители од три станбени блокови, предупредувајќи дека невремето може да ги урне. Станува збор за станови од 1950-тите, изградени со грешки и не можат да издржат силни ветрови.
Додека невремето се движи источно од Норвешка, мостот Оресунд, преку кој минува и воз, е затворен.
Железничките линии меѓу Малме и Гетеборг се откажани, а возачите се повикани да не патуваат.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби