-->
-->
Бунтовниците загубиле 90 отсто источно од Алепо
-->
Сириските сили ја презеле контролата врз квартот Шеик Саид во источно Алепо во борбите во текот на ноќта, што значи дека опозицијата загубила 90 отсто од територијата, која некогаш ја контролирала во таа област, соопшти изутринава Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Центарот нагласи дека силите лојални на претседателот Башар ал Асад рано изутринава ја повратиле областа Шеик Саид.
Според очевидци синоќешното бомбардирање, кое го извршувале сириските владини сили било најинтензивно досега, јави БТА.
Центарот наведе дека најмаллу 413 цивили се убиени во источно Алепо од почетокот на офанзивата на 15 ноември, додека уште 1.139 цивили се убиени во западниот дел градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот