Свет
10. February 2021 - 14:57

Бунтовниците од Јемен нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

Бунтовниците Хути од Јемен денеска го нападнаа меѓународниот аеродром Абха во северозападна Саудиска Арабија и запалија авион.

Во извештајот на државната телевизија Ал-Екбарија се вели дека пожарникарите успеале да го совладаат пожарот, но нема извештаи за жртви.

Аеродромот, кој се наоѓа во близина на границата со Јемен, честопати е цел на ракети и беспилотни летала од јеменските бунтовници Хути, но коалицијата предводена од Саудиска Арабија не соопшти какви средства биле користени во денешниот напад

Сепак, ова е првпат цивилен авион да биде оштетен во напад, што резултира со одложување или доцнење на голем број летови.