-->
-->
Бундес лига: Обамејанг најдобар
-->
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, е прогласен за најдобар играч во Бундеслигата во изминатата сезона, во изборот на Здружението на професионални фудбалери.
Обамејанг, во изборот на Здружението на професионалните фудбалери, победил освојувајќи 19,7 отсто од гласовите. Втор во изборот е Роберт Левандовски кој добил само 0,2 отсто помалку гласови, додека на третото место се најде уште еден играч на Борусија, Хенрик Мхитаријан.
Наградата за најдобар тренер му припадна на Тумас Тухел од Борусија Дортмунд, кој добил 27,3 отсто од гласовите. Зад Тухел се Дирк Шустер (Дармштат) и Пал Дардаи (Херта).
Тимот на сезоната е составен само од играчи на Баерн и Боросуја Дортмунд.
Нојер (Баерн), Лам (Баерн), Хумелс (Дортмунд), Боатенг (Баерн), Алаба (Баерн), Видал (Баерн), Даглас Коста (Баерн), Мхитаријан (Дортмунд), Милер (Баерн), Обамејанг (Дортмунд), Левандовски (Баерн).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот