Фудбал
6. April 2017 - 8:47

Бундес лига: Комплетирано 27.коло

Бодови на надеж за опстанок во Бундеслигата синоќа освои Инглоштад на гостувањето кај директниот конкурент за опстанок, тимот на Аугсбург.
 
По 27.рунда, Инглоштад е на претпоследното 17.место со 25 бода, а Аугсбург е едно место погоре со 29 бода колку што има и Мајнц на 15.место.
 
Гостите победија уште на три средби, а на еден дуел бодовите останаа кај домашната екипа.
 
Постигнати резултати:
Аугсбург – Инглоштат 2:3, 
Дармштат – Баер Леверкузен 0:2, 
Мајнц – Лајпциг 2:3, 
Борусија Менхенгладбах – Херта 1:0 и 
Волфсбург – Фрајбург 0:1.
 
Одиграно во вторникот:
Хофенхајм – Баерн 1:0, 
Вердер – Шалке 3:0, 
Борусија Дортмунд – Хамбургер 3:0 и 
Келн – Ајнтрахт 1:0.
 
Табела: Баерн 65 бодови, Лајпциг 55, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Келн 40, Херта 40,...