Македонија
2. February 2023 - 12:22

Бугарското собрание усвои Декларација против „антибугарските појави во Македонија“

Денеска, на последниот ден од работата на бугарското собрание пред да се распушти, пратениците усвоија декларација поттикната од инцидентот во Охрид со која се осудува наводната антибугарска реторика во Македонија и говорот на омраза. Со декларацијата се бара спроведување на Договорот за пријателство и соработка.

Во 250-члениот парламент договорот го поддржаа 184 пратеници, а само еден беше воздржан.

Извештајот ги обединува предлозите на пратеници од ГЕРБ, Продолжуваме со промената, Преродба и Демократска Бугарија. Сите се поврзани со наводите за „ескалација на агресивните антибугарски тенденци и насилство врз граѓани со бугарска самосвест во Република Северна Македонија“.

За оваа декларација се зборуваше на минатонеделната седница на Комисијата за надворешни работи, со која претседавашае Екатерина Захариева, и на кој бе повикани на сослушување министерот за надворешни работи и бугарскиот амбасадор во Скопје.

Во декларацијата која има 9 точки, се осудуваат актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков; се изразува загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во РСМ може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и нејзиниот пат кон членство во ЕУ, што служи интересите на трети земји; се противи на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го наводно го дискриминираат и го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во РСМ, а може да ги попречат и предодредат активностите на Заедничката комисија за историски и образовни прашања за одредени периоди и лица; ги „отфрла лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на РСМ и ги прифаќа како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите“.

Усвојувањето на декларацијата доаѓа на два дена пред 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, и одбележувањето во црквата „Свети Спас“, кој може да биде настан со висока безбедносна тензија.