Македонија
24. January 2022 - 16:36

Бугарскиот културен клуб: Разделувањето на ,,Бугарин‘‘ и ,,Македонец‘‘ е историски неосновано

Разделувањето и спротивставувањето на поимите бугарин и македонец е историски неосновано и политички неоправдано.Бугарскиот културен клуб го поздравува најавеното зближување и пријатeлство помеѓу Македонија и Бугарија, но не се согласуваат со правење на нови договори. Според нив до тоа може да дојде само преку надградување и спроведување на веќе потпишаниот Договор за пријателство и добрососедство, а не преку надградување на покасно поставените црвени линии. Нивните ставови тие ги соопштија преку писмено известување во кое наведуваат дека решението на историскиот спор го гледаат во објективизација на историјата без фалсификување на фактите.

,,Настојуваме заедничката историја да се дефинира јасно. Тоа се: Лицата родени и израснати на територијата на „географска“ Македонија, кои служеле на бугарската држава или црква (средновековна или модерна), или се бореле за нејзиното обновување; лицата или организациите кои ги определувале своите говори како бугарски, на базата на кои говори е кодифициран денешниот македонски јазик; лица и организации кои се бореле за автономна или независна Македонија, но го користеле бугарскиот литературен јазик за своите документи, знамиња и пропагандни материјали., велат од БКК Скопје

Според нив на тој начин ќе се постигне и писмена согласност од двете влади, имајќи го во предвид се погласниот консензус дека решението на овој спор е во признавањето и на минатото и на сегашноста. Сметаат дека задачата на Историската комисија треба да биде сведена единствено до идентификувањето на овие личности и настани.

Од клубот остануваат на ставот дека вметнувањето на бугарите во македонскиот устав во овој момент не е решение, туку ќе биде основа за дополнителни поделби.