Бугарскиот и српскиот министер за здравство ги посетија повредените српски деца во хотелот во Стара Загора
Двајцата министри за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и на Србија, Златибор Лончар го посетија хотелот во Стара Загора, во кој беа сместени српските деца и возрасните по вчерашната несреќата на автопатот Тракија, јави дописникот на МИА од Софија.
Двајцата министри заедно создадоа организација за нивно транспортирање, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија.
По договорите, 3 тима за реанимација тргнаа од Стара Загора кон границата меѓу Бугарија и Србија. Тие се очекува да бидат таму напладне, каде ќе им бидат предадени на српските здравствени власти, а ќе ги пречека српскиот министер за здравство. Повредените српски деца веќе заминале на детското одделение во најголемата болница „Н.Пирогов“ во Софија, каде ќе продолжи нивното лекување.
Делот каде што синоќа се случи несреќата на автопатот Тракија сега е отворен, а од неа е отстранет српскиот автобус, но има уште едно место каде експертите повторно ќе влезат за да направат увид за состојбата и причините кои довеле до несреќа.
Ново на Сител
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот