Македонија
13. October 2021 - 16:44

Бугарите во Македонија со контра декларација бараат поддршка од Софија

Еден ден откако македонските организации во Бугарија упатија декларација до меѓународната заедница со која се осудува  политиката на негирање и дискриминација кон македонското малцинство, се јавија и Бугарите од Македонија, со апел упатен до официјална Софија. Тие во контра декларацијата бараат од бугарските политичари  да ги заштитат. Ја поздравуваат позицијата на Бугарија на самитот во Словенија да не отстапува од блокадата на македоснките евроинтеграции се додека Скопје не ги исполни условите. Бараат Бугарите да влезат во Уставот бидејки ги има и повеке од 120.000.

Тврдат дека се жртви на говорот на омраза и дека за нив секојдневен проблем е кога нивните деца на училиште учат дека роднините им се фашисти, татари, монголи и што уште не.

Натаму во текстот се инсистира  - Бугарија  да опстои на принципиелната позиција дека Македонија може да започне преговори само откако ќе се решат проблемите со нашата рамноправност, јазик, традиции, историја, споменици и се друго што е поврзано со нашиот идентитет. За нас тоа не е само важно, туку е единствена надеж за спас и помирување. велат потписниците на апелот.

Под текстот објавен во бугарските медиуми, се потпишани неколку имиња мегу кои и Љупчо Георгиевски,  но од ВМРО Народна демантираат дека нивниот лидер на каков било начин е поврзан со оваа декларација. Велат дека се работи за подметнување и груба манипулација, најверојатно поради предизборни цели.