Бугарин фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид
– Лице од Софија, Република Бугарија со два ножа вчера било приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници, што биле во близина, и при негов претрес ги пронашле ножовите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.
СВР Охрид денеска соопшти дека во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид во 11 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.
– При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Појасни дека казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во Република Северна Македонија.
– Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, додаде Димоски.
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар