Loading Video...
Балкан
13. July 2021 - 17:03

Бугарија пред нова криза, Трифонов ја губи поддршката од малите партии

Исправи се, Мафијата надвор нема да го поддржи предложениот владин кабинет на Има таков народ. Кога на Има таков народ и недостасуваат пратеници за мнозинство неодговорно е да објавува Влада преку социјалните мрежи без консултации од никого и тоа потсетува  на стилот на Бојко Борисов, кој ја крстареше Бугарија со џип и со видео пораките преку Фејсбук ја управуваше земјата, изјави Николај Хаџигенов утрово за бугарското радио.

Негодува и Демократска  Бугарија   која пред изборите се изјасни  дека ќе поддржи коалиција со Има таков Народ. Лидерот на демократска Бугарија  го критикуваше Слави Трифонов за изборот на кандидати особено на мандатарот Николај Василев но не кажа дали ќе соработува со Трифонов.

Герб на Борисов пак продолжува да се занимава  со регуларноста на изборите. Партијата побара оставка од Централана избрана комисијата за како што вели Борисов голема изборна измама во странство. На прес конференцијата Борис објави и дека бил повикан во четврток да се појави на распит во полиција, но не знаел за што ќе биде испрашуван.