Балкан
5. May 2021 - 16:34

Бугарија оди на нови избори во јули

Бугарија оди на нови парламентарни избори на 11 јули. Датумот го потврди бугарскиот претседател Румен Радев, кој најави дека следната недела ќе го распушти парламентот.До  изборите ќе функционира привремена влада. Овој чекор на Радев следи откако пропадна и третиот обид за формирање нова влада.

Иако партијата ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите пред еден месец, ниту една партија не сакаше да коалицира со неа .Сепак последните анкети  покажуваат дека партијата на Борисов и понатаму ужива најголема доверба кај граѓаните.

Според планот на Радев изборната кампања би требало да почне на 12 јуни, а кандидатските листи да се регистрираат до 9 јуни. Ќе има и  нови изборни правила, според кои во места со над 300 избирачи задолжително ќе се гласа електронски.