Балкан
29. January 2016 - 13:40

Бугарија искористила 98 проценти од средства аод еврофондовите

За реализиација на разни оперативи програми поддржани од ЕУ, Бугарија потроши 10,8 милијарди евра, што претставува 98 проценти од средтсвата доделени на земјата од европските фондови, соопшти денеска бугарскиот вице-премиер Томислав Дончев.

- Одличен резултат е стопроцентна искористеност, а резултат од над 95-96 отсто (искористеност) би се сметал за многу добар, рече Дончев одговарајќи на пратеничко прашање.

Како што јави БТА, тој нагласи дека Бугарија од еврофондовите примила пет милијради евра повеќе, отколку што уплатила во Буџетот на ЕУ.