-->
-->
Буфон поместува граници!
-->
Џанлуиџи Буфон планира да остане во фудбалот „барем додека не наполнам 43 години“ и признава дека уште има амбиција да ја освои Лигата на шампионите.
Буфон стана рекордер по бројот на настапи во Серија А во саботата при 4:1 победата над Торино, настапувајќи во 648. меч од италијанската лига, подобрувајќи го рекордот на Паоло Малдини.
„Чекав долго време за овој рекорд, но тоа не беше проблем. Во моментов играме многу мечеви и притисокот кој го имав беше само на овој меч. Сега сум среќен, но претходно не размислував на рекордот. Кога бев помлад имав многу соништа и никогаш не бев задоволен. Сфаќам дека е потребно да имам вистинска мотивација и да го покажам на теренот. Тука сум барем до мојата 43-та година, но откако наполнив 40 години размислувам само месец за месец. Кога нема да бидам способен да играм на високо ниво ќе се тргнам. Но, додека сум во вистинска форма, нема нешто што ме прави посреќен од фудбалот“, вели Буфон.
Тој се врати во Торино минатото лето откако не успеа да стигне до титулата од Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен.
„Лигата на шампиони е нешто што постојано ми се врти во главата. Бев толку блиску многу пати и тоа што не сум го кренал тој трофеј останува главната желба“, додава Буфон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај
-
МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици
-
Претрес во липковско: Пронајдени дрога и оружје, приведени две лица
-
Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за 5%
-
20 годишник од Врапчиште се шетал со гасен пиштол и електро шок
-
Во село Спанчево пронајдена граната од Прва светска војна
-
Радовишанец удрил девојче со автомобил и избегал
-
Таравари: Вреди го подготвува Законот за правична застапеност