Бучковски најави промена на учебниците по историја, географија и литература
Владо Бучковски, во интервју за софиски „Дневник“, потврди дека со Бугарија дефинитивно имаме заедничка, а не споделена историја.
Тој вели дека македонската страна сака преговорите да ги заврши за еден месец. Бучковски најавува дека во Македонија ќе се сменат учебниците по историја, по географија, па дури и по литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.
Во врска со самоопределувањето на македонските граѓани кои се чувствуваат како Бугари, Бучковски вели дека треба да се искористат сите инструменти и можности, но најлесно би било ако се дојде до промена во Уставот на Македонија и во Преамбулата да се даде дополнителна гаранција, пренесе ПлусИнфо.
Сепак, Бучковски најмногу инсистира на работата на комисијата за историски прашања, која има обврски да предложи решенија за хармонизација на учебниците по историја, географија и литература.
-Тоа е многу важно за идните поколенија, вели тој.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата