Бројот за заболени од Ковид-19 и натаму голем, Владата ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки
Мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот во државава согласно показателите од теренот треба денеска на седница да донесе Владата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.
Во земјава и натаму има голем број заболени од Ковид-19. Според податоците на Институтот за јавно здравје, објавени вчера, од 702 направени тестирања, регистрирани се 127 нови случаи, тројца се починати, а седум се оздравени.
Вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 3.152, излекувани се 1.653 пациенти, има 1.343 активни случаи, а починати се 156 лица.
Најголем број заболени 1.332 се дијагностицирани во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 720, потоа следат Куманово со 556 дијагностицирани и 139 активни случаи, Тетово со 291 дијагностицирани и 127 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 27 активни случаи, Штип со 207 дијагностицирани и 169 активни случаи…
Заклучно со вчерашните податоци активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир – 168, Центар – 64, Бутел – 63, Гази Баба – 58, Аеродром – 57, Сарај- 55, Карпош – 45, Кисела Вода – 35, Арачиново – 23, Студеничани – 19, Илинден – 18, Ѓорче Петров – 18, Шуто Оризари – 17, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2 и двајца странски државјани.
Според министерот за здравство Венко Филипче, непочитувањето на мерките за заштита го донесе овој втор бран на коронавирусот во земјава. Тој посочи дека кластерската анализа покажала дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај, односно точно пред две недели, а на што укажала деталната анализа во епидемиолошките прашалници.
– Овој пик е резултат на тоа. Непочитувањето на мерските не доведе до овој нов бран. Анализата во текот на последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијалните целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје надвор од првичните кризни – Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел и тоа е очекувано, затоа што Скопје функционира како една целина и голем дел од овие нови случаи во други општини се исто така се резултат на семејни собири од истиот период, рече Филипче.
Апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контрола во спроведувањето на мерките, заради тоа што секое прекршување мора да се детектира и да се санкционира.
– Вирусот е тука, дека тој останува, дека мора да научиме да живееме со него. Целиот свет впрочем продолжува да живее со вирусот, а овие превентивни мерки се практично универзални и се темелат на истите принципи – на носењето на маска, одржување на физичката дистанца, хигиената, дезинфекцијата и други мерки и други форми на мерки практично нема никаде во ниту една друга земја во светот. Само со почитување на овие принципи можеме да ставиме крај на епидемијата. Дисциплината на граѓаните, личната, колективната одговорност побрзо ќе не врати кон нормализирање на нашиот живот, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз