Свет
23. March 2024 - 12:07

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115

Бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115, објави Истражниот комитет на Русија на својот канал на Телеграм.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“, додека итната помош ги расчистуваше урнатините, пронајдени се уште тела. Така, бројот на загинати во моментов е 115 лица“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица

Оттаму тврдат дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.

Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.