-->
-->
Бројот на жртви од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56
-->
Бројот на жртви во неодамнешниот земјотрес во Индонезија се зголеми на 56, додека повеќе од 800 лица се повредени, соопштија индонезиските власти.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала пред три дена го погоди островот Сулавеси, а потрагата по исчезнатите и натаму трае, пренесе агенцијата Кјодо.
Индонезиската Агенција за вонредни состојби соопшти дека во Мамуја, главниот град на провинцијата Западен Сулавеси, биле пронајдени 47 тела, и уште девет во блискиот округ Маја.
Земјотресот уништи повеќе од 400 куќи, додека повеќе од 15.000 луѓе се евакуирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот