Бројот на жртви од тајфунот на Филипини се искачи на 375, преживеаните молат за вода и храна
Најмалку 375 луѓе загинаа, повеќе од 500 се повредени, а 56 се водат како исчезнати, по тајфунот Раи, кој ги погоди Филипините. Околу 380.000 луѓе ја напуштија областа поради невремето, кое го погоди архипелагот во четвртокот. Преживеаните бараат залихи на вода и храна, пишува Гардијан.
Тајфунот корнеше покриви и дрвја, уништи куќи и поплави помали населби и села.
Во голем дел од Филипините нема струја и вода, а полицијата, војската, пожарникарите и крајбрежната стража се на терен, каде делат храна, вода и им помагаат на повредените.
Граѓаните изразија незадоволство поради тоа што ниту еден политичар не се појавил и не се обидел да помогне: Редовно плаќавме даноци и сега никој нема да ни помогне.
Раи ги погоди Филипините доцна во сезоната на тајфуните: повеќето циклони се развиваат помеѓу јули и октомври.
Научниците долго време предупредуваат дека тајфуните стануваат помоќни и се зајакнуваат побрзо, бидејќи светот станува потопол поради климатските промени предизвикани од луѓето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари