Свет
23. March 2019 - 9:57

Бројот на загинати при експлозијата во хемиската фабрика во Кина порасна на 64

Билансот на жртвите при експлозијата во хемиската фабрика во градот Јангченг во провинцијата Џангсу во источниот дел на Кина, според последните податоци, се искачи на 64, додека 28 лица и натаму се водат како исчезнати.

– До 7 часот (по локално време), бројот на загинати во експлозијата во хемиската фабрика во провинцијата Џангсу се искачи на 64, од кои 26 се веќе идентификувани, соопшти претставник на кинеските власти.

Според него, по експлозијата во 16 болници во регионот биле примени вкупно 617 повредени лица, од кои 523 минале со полесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување, додека 143 биле задржани на болничко лекување. Дел од нив подоцна им подлегнале на повредите, 21 се уште се во „критична состојба”, а 73 се во „тешка состојба”.

Причините за експлозијата во фабриката „Тјанџаји Хемикал Продакшен” се уште не се познати.

По експлозијата беа евакуирани околу 3.000 вработени во фабриката и околу 1.000 локални жители.

Кинескиот Национален сеизмолошки центар соопшти дека во моментот кога се случила експлозијата, во градот бил регистриран потрес со интензитет од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Фабриката е отворена во 2007 година и таа досега шестпати е казнувана поради загадување на воздухот и лошо управување со отпадот. Во нејзина бли