Loading Video...
Свет
1. October 2022 - 19:37

Бројот на загинати по ураганот Ијан се искачи на 45 луѓе

Бројот на загинати во Флорида откако оваа американска сојузна држава ја погоди ураганот Ијан се искачи на 45 луѓе. Ијан ја погоди Флорида во средата а властите соопштија дека црниот биланс може да се зголеми бидејќи службите се уште ги пребаруваат најтешко погодените области. 

Ураганот Ијан вчера се спушти на брегот на Јужна Каролина поплавувајќи цели населби а оставајќи без електрична енергија околу 330.000 луѓе.