Бројот на заболени од Ковид-19 надмина 13.000, најмногу активни се уште во Скопје
Нови 159 заболени од Ковид-19 од направени 1.733 тестирања се регистрирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство со што вкупниот број дијагностицирани се искачи на 13.458. Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје, главно во Општина Чаир, каде има дури 114 активни случаи.
Вкупниот број оздравени пациенти од почетокот на епидемијата изнесува 10.052, а на починати 563. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.
Од 159-те нови случаи на Ковид-19 во Скопје се 32, Куманово 25, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Берово 9, Делчево 4, Кичево 3, по еден во Дебар, Струмица, Радовиш, Пехчево и Битола, и по двајца во Кочани и Виница.
Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 75 оздравени пациенти и тоа од Скопје 27, Дебар 3, Штип 8, Битола 4, Гостивар 9, Кичево 13, по двајца од Велес и Неготино, и по еден од Куманово, Прилеп, Тетово, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Виница.
Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за здравство, најмногу активни случаи има во Скопје, поточно во општините Чаир со 114 активни случаи, потоа следува Гази Баба со 100, Аеродром 99, Карпош 92, Центар 81, Кисела Вода 84, Ѓорче Петров 63, Бутел 61, Шуто Оризари 36, Студеничани 19, Сарај 20 и Арачиново 15.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина