Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21
Бројот на повредени во големиот руски напад со дронови врз Харков се искачи на 21, соопштија итните служби.
Првично беа пријавени деветмина повредени, но локалните власти сега велат дека бројот на настрадани е повеќе од двојно зголемен.
Гувернерот Олех Синјехубов изјави дека во нападот биле оштетени семејни домови, станбена зграда, автомобили и производствена хала.
Руските сили доцна синоќа извршиле масовен напад со дронови врз Харков, вториот по големина град во Украина. Службите за итни случаи на социјалните мрежи соопштија дека нападите предизвикале четири пожари во центарот на градот и објавија слики од пожарникари кои се борат со пламените јазици покрај купишта урнатини. Се наведува дека нападите предизвикале сериозни оштетувања на зградите.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска, и се наоѓа на околу 30 километри од границата.
Харков се одбрани од заземање во првите недели од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, но често е цел на дронови и проектили.
Ново на Сител
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница