Македонија
2. January 2019 - 16:26

Бројни пожари за време на празниците, властите апелираат да се внимава со уредите за затоплување и новогодишните светилки

Празниците ги одбележаа неколку поголеми пожари во кои загинаа 3 лица. Неадекватни уреди на затоплување се првичните причини. Жртви беа 25 г скопјанец, 80 г вележанец и 82 г жена од Прилеп кои починале поради гушење од чад.

Пожарникарните служби работно ја минаа и новогодишната прослава. Интервенираат на  опожарени оџаци, сува трева, контејнери и автомобили. И најмалата искра може да предизвика огромна штета апелираат надлежните.  

Раководителот за  превенција од градот скопје апелира, граѓаните особено да внимаваат со плинските уреди, печките, бојлерите но и со новогодишните сијалички. Мал спој на жицата од овие украсни светилки може да биде кобна.

Апел и до граѓаните кои возат автомобили на плински уреди. Неопходни се редовни проверки но и внимателно при избор на уредите да бидат од лиценцирани продавачи.

При појава на пожар важна е и првичната реакција на граѓаните, но надлежните апелираат  да не ризикува  и веднаш да се повика службата на  193.