Брнабиќ: Во февруари се планирал атентатот врз Вучиќ
Многу реакции во Србија предизвика информацијата за наводен план за атентат врз претседателот Александар Вучиќ, која српските безбедносни служби соопштија дека од земја членка на Европската Унија.
Премиерката Ана Брнабиќ вели дека е засилено обезбедувањето на Вучиќ. Како што кажаа таа, атентатот се планирал за февруари.
„Се работи за сериозна закана. Информациите од Европол на писмено ги има Министерството за внатрешни работи. Сè што ќе кажам може да ја загрози истрагата и да ги предупреди тие луѓе“, рече таа, истакнувајќи дека е важно да се открие каде се луѓето кои биле закана за безбедноста на Вучиќ.
По информацијата за атентатот бројни се реакциите во Србија со поддршка на Вучиќ.
Српската вицепремиерка, Зорана Михајловиќ, изјави дека државата има сила да се справи со заканите кои доаѓаат од организираниот криминал и оти верува дека надлежните државни органи ќе направат се за да го заштитат претседателот.
Информациите кои српските безбедносни служби ги добија со посредство на Европол укажуваат дека како држава уште поодлучно треба да се спротивставиме на организираниот криминал, рече министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.
Вчера, министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, соопшти дека српските безбедносни служби на 14 јануари со назнака „итно“, преку Европол, добиле информација од земја членка на ЕУ дека организирана криминална група на чело со Радоје Звицер, планирала атентат врз Александар Вучиќ. Звицер е познат како водач на „кавачкиот клан“ и по него е распишана потерница.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација