Брнабиќ: Србија ќе ги штити правата на Србите во регионот
Српската премеирка Ана Брнабиќ изјави дека нестабилната состојба во регионот не и одговара на Србија и дека она што сега се случува не би требало да се случува, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што изјави таа, сите проблеми мораат да се решаваат преку дипломатски канали, на претпазлив начин, како и дека Србија ќе ги заштити правата на Србите каде било во регионот, кои сега се загрозени.
-За да продолжиме да се развиваме и растеме, потребен ни е стабилен регион, изјави Брнабиќ, истакнувајќи дека за разлика од сите земји во регионот, стабилноста најмногу и одговара на Србија, затоа што спроведените реформи имаат добри резултати.
Таа додаде дека ова е мал регион и нестабилноста влијае и на Србија бидејќи се помалку луѓе ќе сакаат да дојдат да инвестираат.
Брнабиќ, исто така, истакна дека Србија се стреми да биде одговорна во заштитата на српскиот народ, каде и да живее, затоа што тоа е нејзина „уставна обврска, должност и желба“.
Таа потсети дека претседателот Александар Вучиќ во сабота ги поканил Србите од Црна Гора и Република Српска на разговори.
-Тој ќе разговара со нив за тоа како на најдобар начин да им се помогне да ги поддржиме, но и за тоа како да се смири ситуацијата во регионот, рече Брнабиќ.
Според неа, оваа состојба можеби им одговара на некои земји во регионот кои не сториле ништо околу економските реформи и секоја политичка нестабилност е изговор за тоа што го немаат направено.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации