Балкан
13. July 2020 - 16:26

Брнабиќ: Ќе предоложам задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

 Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со Ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.

Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус.

Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе.