Брнабиќ: Економските односи меѓу земјите од Западен Балкан се добри, покрај политичките проблеми
Економските односи меѓу земјите од Западен Балкан, и покрај сложените политички проблеми, се многу добри и важно е повторно да имаме дијалог како регион, но и како политичари со светот на бизнисот, рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која учествуваше на Виенскиот економски форум во Софија, што се одржа во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
- Длабоко верувам во тоа, особено во регионот на Западен Балкан, дека деловните луѓе треба да водат, а политичарите да ги следат и дека треба да ги следиме побрзо и поефикасно. Исто така е добро што, колку и да има комплексни политички проблеми, сепак, економските односи меѓу нашите земји се многу добри и затоа политичарите треба да дадат решенија и да создадат атмосфера во која тоа може да се шири, изјави Брнабиќ за Радио телевизија Србија.
Според неа, форумот „Средба на политиката и економијата“ бил корисен и треба да продолжи и за време на австриското претседавање со ЕУ, со акцент на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати