Бркотница кај Неготино: Се превртеле со возило додека бегале од полицијата
Во 17:20 часот се случила вистинска филмска бркотница во Неготино, кога униформирани полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај селото Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, забележале патничко моторно возило „Фиат браво“.
Возилото било управувано од 20-годишниот И.Е. од Шуто Оризари-Скопје, а во него се превезувале мигранти.
Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот.
Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени.
Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица