Џет-Сет
14. September 2018 - 15:39

Брижит Макрон се глуми себеси во мини ТВ серија: Имам голема трема!

Сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, ќе биде гостин во една епизода на мини телевизиската серија „Соблекувални“(Vestiaires), која ќе биде емитувана од сабота на телевизијата Франс 2.

Првата дама на Франција ќе се игра себеси во серијата за пливачите од еден клуб во Марсеј.

„Дознавме дека ја сака серијата и поради тоа ја повикавме да игра со нас“, рече авторот на серијата и еден од актерите Ада Абдели.

Брижит Макрон во епизодата ќе влезе во една од соблекувалните каде ќе разговара со пливачите. Во серијата ќе носи син елегантен комплет кој го носеше на инаугурацијата на Макрон во мај 2017 година.

„Имам голема трема“, призна низ насмевка Брижит макрон, која го привлече медиумскто внимание на светот со кандидатурата на Емануел Макрон на претседателските избори во 2017 година.