„Бритиш Ервејз“ продава уметнички дела заради кризата
Авио-компанијата „Бритиш Ервејз“ ќе продава некои предмети од својата уметничка колекција вредна неколку милиони фунти, со цел да собере пари за закрепнување по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Колекцијата опфаќа дела од сликарите Демиен Хирст, Бриџит Рајли и Питер Доџ, а меѓу нив се проценува дека има дела вредни повеќе од милион фунти.
Би-Би-Си претпоставува дека во продажбата ќе бидат пуштени најмалку 10 уметнички дела, иако не се знае точно кои. Делата ќе се најдат на аукција во аукциската куќа Сотби.
Поради прекинот на воздушниот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот „Бритиш Ервејз“ доживува големи финансиски проблеми.
Директорот Алекс Круз минатата недела предупреди дека опстанокот на авио-компанијата ќе биде загрозен доколку не се направи значајно деловно реструктуирање.
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда