Британските власти даваат пари на сопственици на стари автомобили за да престанат да ги возат
Британските власти ќе платат до 3.000 фунти (4.200 американски долари) на возачи за да се откажат од своите автомобили според новата иницијатива за подобрување на квалитетот на воздухот, објави „Тајмс“.
За првпат, возачите на автомобили што многу загадуваат ќе можат да добиваат пари од државата за да ги предадат своите автомобили во замена за „кредити“ што ќе се користат за јавен превоз, велосипеди, електрични скутери, заеднички автомобили и такси. Шемата има за цел да ја намали зависноста од автомобилите во градовите и со тоа да го намали метежот и загадувањето на воздухот.
Таа иницијатива ќе почне во Ковентри, Централна Англија, напролет со фокус на возачите на најзагадувачки автомобили – со дизел мотори произведени пред 2016 година и бензински модели произведени пред 2006 година.
Програмата ќе трае две години, по што ќе се проценува нејзината ефикасност.
Според Министерството за транспорт, во 2019 година Британците патувале вкупно 574 милијарди километри со своите автомобили, што е зголемување за 11 проценти во споредба со пет години порано.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград