Британски неонацисти прославувaле убиство на пратеничка
Припадниците на британската крајно-десничарска, неонацистичка организација „Национална акција“, го прославувале убиството на пратеничката на опозициската Лабуристичка партија, Џо Кокс, открива лондонски „Метро“.
Кокс беше убиена минатата година, пред партиската канцеларија во нејзината изборна единица во внатрешноста на Англија, од еден англиски националист- десничар, кој прво пукаше во неа, а потоа ја избоде со нож.
Убиството што се случи пред референдумот за излегување на Британија од ЕУ, беше поврзано со кампњата и со нејзината агитација против Брегзит и за тоа Британија да прими повеке бегалци и мигранти од Блискиот и Средниот Исток.
Сведоци на убиството, тогаш и потврдија на полицијтата дека при нападот, убиецот извикувал „Британија на прво место“ и против примањето мигранти.
Откритието на лондонскит весник доаѓа по апсењето на четворица припадници на „Национална акција“, сите припадници на британската армија, кои беа уапсени под обвинување дека се подготвувале да извршат терористички напад врз припадници на армијата.
Групата од минатата година е забранета, со одлука на министерот за внатрешни работи Амбер Рад.
Забраната значи дека членувањето во оваа група или агитирањето и регрутирањето нови членови, претставува кривично дело, за кое е предвидена затворска казна до десет години.
„Национална акција“ е создадена во 2013 година, како „национал-социјалистичко младинско движење“, за кое во образложението на забраната од Хоум Офисот се вели дека претставува расистичка, анти-семитска и хомофобична група.
По формирањето на групата, биле создадени и филијали низ градовите во Британија, главно во Англија, а нивни припадници многу често учествуваат во провокативни улични демонстрации, со цел да се навредуваат и тероризираат припадници на различни локални етнички и верски заедници.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година
-
Претрес во гостиварско, пронајдена пушка и куршуми
-
Сиљановска Давкова: Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ
-
Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница - Кочани
-
Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
-
Возел со 3,43 промили алкохол во крвта, уапсен 49-годишник од демирхисарско
-
На швајцарските Алпи се отцепи дел од глечер и затрупа село | ВИДЕО
-
Приведени тројца битолчани, при претрес пронајдена е дрога