Свет
18. May 2016 - 15:04

Британски ловци пресретнаа руски авиони во близина на Естонија

Британските воени авиони „Тајфун“ пресретнаа пет руски авиони во близина на Естонија, само неколку денови откако на таа локација пресретнаа три турски воени транспортни авиони, објавија британските медиуми.

Ловци на британското Кралско воено воздухопловство полетаа од базата на НАТО во Естонија. Британските авиони се дел од мисијата на Алијансата „Балтичка воздухопловна полиција“.

Руските авиони се наоѓале во меѓународен воздушен простор долж северната и западната граница на Естонија.