Британската влада на стаклени нозе, Тереза Меј не сака да си оди: Мојата смена ништо нема да олесни!
Британската премиерка Тереза Меј предупреди дека нејзината смена нема да ги олесни преговорите за Брегзит, додека одредени пратеници од нејзината Конзервативна партија и се закануваат дека ќе и изгласаат недоверба, а поранешниот министер за Брегзит ја обвинува дека не се спротивтавила на „малтеретирањето“ на официјалните лица од Европската унија.
Додека одредени конзервативци се обидуваат да соберат поддршка за гласање на недоверба, Меј порачува дека не размислува за оставка.
„Смената на лидер во овој момент нема да ги направи преговорите полесни, нема да ја смени математиката во парламентот“, истакна Меј во интервју за телевизијата Скај Њуз.
Исто така додаде дека наредната недела ќе биде клучна за успехот на разговорите за Брегзит и највави дека ќе се состане со лидерите на ЕУ пред вонредниот самит на Европскиот сове на 25 ноември, пренесува Гласот на Америка.
Веста дека е постигнат договор со ЕУ предизвика политичка криза во Британија, со оглед на тоа што договорот остро го критикуваше и опозицијата и владеачките конзервативци.
Двајца министри и неколку државни секретари поднесоа оставки, а повеќе од 20 пратеници упатија официјален повек да се изгласа недоверба на Тереза Меј на положбата лидер на партија, а со тоа и како премиер. За гласањето за недоверба е потребно да се упатат 48 такви писма.
Многу конзервативци кои го поддржуваат излегувањето наБританија од ЕО, сакаат јасно раскинување со Брисел и тврдат дека блиските трговски врски, предвидени со договорот, ќе ја претворат земјата во вазалска држава.
Според нацрт договорот, Британија би ја напуштила ЕУ до 29 март идната година, но би останала дел од единствениот пазар до крајот на 2020 година.
Земјата би останала и во Царинска унија со ЕУ, за да се одбегне поставување на контролни пунктови на ирската граница.
Ново на Сител
-
Таравари: Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом