Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата
Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот.
Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА.
Конзервативната партија смета дека Сунак спроведува поширока реконструкција што „го зајакнува неговиот тим во Владата за да донесе долгорочни одлуки за посветла иднина“.
Како што е наведено, разрешувањето на една од водечките фигури од десната страна на партијата може да претставува тешкотии за премиерот, бидејќи тој се обидува да ја обедини неговата партија и да биде подготвена за општите избори што се очекуваат следната година.
Според британски медиуми, министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе ја замени Браверман на функцијата за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот