Британка се лекува од коронавирусот 130 дена
Државјанка на Велика Британија се бори со коронавирусот 130 дена, објави „Дејли Меил“. Британката Фатима Бридал го поминала целото време во болница, бидејќи била на механичка вентилација 105 дена.
Бридал се заразила додека била на патување во Мароко. На почетокот на март, 35-годишната жена се вратила во Велика Британија со првите симптоми. Неколку дена подоцна се тестирала, резултатите биле позитивни на Ковид-19.
Подоцна, состојбата и се влошила и не можела да дише самостојно. Таа била пренесена во одделението за интензивна нега и ставена на механичка вентилација. Бридал паднала во кома 40 дена. Жената почнала да развива пневмонија и сепса. Лекарите успеале да го обноват капацитетот на белите дробови на едвај 40 проценти.
Таа во моментов не е во состојба да се движи поради слабост на мускулите. Користи количка за одење, но се надева дека вежбањето ќе и помогне во обновата на мускулите.
Обединетото Кралство беше потешко погодено од другите европски земји од Ковид-19 и се наоѓа на деветтото место во светот по бројот на заразени – над 296 илјади луѓе. Повеќе од 45.000 од нив починале.
Ново на Сител
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател