Свет
23. November 2015 - 8:48

Британија создава две ударни бригади за брза интервенција за борба со ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Лондон ја промовира новата стратешка одбрана и безбедност на земјата, во услови на зголемена закана од терористички напади во Велика Британија.
 
Станува збор за новиот владин план, со кој се предвидува создавање на две, удрани воени бригади, што се формираат за да одговорат на евентуален напад на џихадистите од Исламска држава (ИД) на британска почва.
 
Воени експерти за лондонските медиуми објаснуваат дека ова се најбрзите единици за брза реакција што досега се формирани во Британија.
 
Домашните медиуми најавуваат дека заедно со промоцијата на „Прегледот на стратешката одбрана и безбедност“ (СДСР) како што е официјалниот назив на владиниот план, треба да се обелдени и намерата на владата за дополнителни средства за одбраната на земјата.
 
Министерот за финансии Џорџ Озборн претходно најави дека владата одлучила за 30 отсто да се зголемата средствата за одбранбени и безбедносни цели и за борбата против тероризмот.
 
Неделникот „Сандеј тајмс“ открива дека владата купува авиони со стелт технолигија, како и се определува за забрзана изградба на нов носач на авиони, проценувајќи дека за сето ова ќе биде потребна ревизија на буџетот.
 
Промоцијата на новиот одбранбено-безбедносен план доаѓа непосредно пред премиерот Камерон да замине за Париз, на средба со францускиот претседател Франсоа Оланд.
 
Тема на нивната средба е заедничката стратегија и координацијата во борбата против џихадистите на ИД.
 
Во Лондон се јавува дека Оланд за ова подоцна ќе разговара и со американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин.