Бригит Циприес: Нема докази дека Русија стои зад хакерските напади во Германија
Германската министерка за економија Бригит Циприес изјави денеска дека досега немало навестувања дека Русија стоиела зад кибер нападот на германските компјутерски мрежи.
Таа истакна дека би било проблематично доколку се покаже дека кибер-нападот бил инициран од Москва, како што тврдат германските медиуми.
- Во овој момент, не станува збор за тоа. Засега не можеме такво нешто да кажеме, изјави Циприес.
Германските медиуми вчера јавија дека руска хакерска група позната како АПТ28, упаднала во сервери на германското МНР и Министерството за одбрана и одзела податоци. Германското МВР потврди дека во тек е истрага за „кибер инцидент“ што влијаел врз компјутерска мрежа на германската Влада. Министерството додаде дека владините агенции кои биле цел на нападот преземаат заштитни мерки по „кибер инцидентот“.
Германските берзбедносни служби го откриле кибер нападот во декември и се обидуваат да утврдат до каде во компјутерските мрежи успеала да пробие групата. Пробивањето веројатно траело повеќе од една година.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито