Loading Video...
Ракомет
8. January 2021 - 16:33

Брестовац ги повика Стоилов, Манасков и Маркоски

 
По последните случувања во репрезентациите на Шведска и Чешка, односно позитивните случаи на Ковид-19 во нивните табори, македонската ракометна репрезентација сеуште е со надеж дека некоја од земјите учеснички би можела да го откаже својот настап на Мундијалот, па црвено-жолтите како „прва резерва“ би заминале за Египет. 
 
Затоа селекторот Данило Брестовац, несака да препушти ништо на случајноста, па денеска тој повика тројца искусни ракометари, да им се приклучат на останатите репрезентативци. 
 
Брестовац ги повикал Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски, а на неговиот список бил и Гоце Георгиевски, кој поради здравствени проблеми по прележаниот Корона вирус, нема да им се приклучи на останатите.
 
Ракометарите во недела ги очекува нов контролен меч против Чиле, репрезентација која се подготвува за настап на Мундијалот. 
 
Интересно е да се спомене дека, доколку се случи Македонија евентуално да ја замени Чешка на СП, тогаш токму Чилеанците би биле еден од наш