Бренан: Критично важно е САД и Русија да ги поправат своите односи
Директорот на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека од суштинска важност за глобалната стабилност е САД и Русија да ги поправат своите односи.
Тој изјави дека се залага за тоа да се премости моменталниот период на високи тензии во односите меѓу Русија и САД, пренесе ТАСС.
Во интервју за „Пи-Би-Ес њузаур“, Бренан, исто така, оцени дека, според негово мислење, не постојат основи за приказната за нова студена војна и додаде дека „навистина се надева дека е тоа така“.
-И навистина се надевам, имајќи ги во предвид неколкуте следни година, дека односите меѓу Москва и Вашингтон ќе се поправат, затоа што од критична важност за глобалната стабилност е САД и Русија да имаат подобри односи, апсолутно, и јас во целост тоа го поддржувам, наведе Бренан во интервјуто.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен