Свет
24. јуни 2016 - 22:07

Брегзит ќе ја чини Германија три милијарди евра годишно

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да ја чини Германија три милијарди евра годишно, проценува германското Министерство за финансии.

- За Германија излегувањето на Британија ќе биде скап процес. Со тоа во догледно време се губи третиот по големина извор за буџетот во ЕУ. Тоа значи дека придонесот на Германија годишно мора да биде зголемен за три милијарди евра, проценуваат експерти во тимот на министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Во интерниот документ се додава дека Берлин не очекува на германските фирми да им биде неопходна помош.