Бреговиќ за Северина: Со неа сите сакаат секс...
Познатиот балкански музичар и фронтмен на групата „Бијело Дугме“, Горан Бреговиќ (63) во последното интервју кое го даде по повод прославувањето на 40 години од основањето на најуспешната рок-група на овие простори, се осврнал и на соработката со хрватската поп-ѕвезда, Северина Вучковиќ (43).
На прашањето зошто соработувал токму со неа, а не со некој друг изведувач, славниот Брега открил зошто Северина е толку посебна.
- Северина има нешто што другите пејачки го немаат, а тоа е желба за растење. Таа е љубопитна возрасна жена. Тргнав со идејата да напишам албум од позиција на жена која ги поминала триесетите. Сите би сакале секс со неа, а има ли некој да ја ожени? - се присетил славниот музичар на соработката со хрватската пејачка на албумот „Здраво Маријо“, кој остана запаметен по многу контроверзни хитови, како „На мажите им треба само курва“, „Тридесете“, „Гаде“ и многу други.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?