Бразилец ослободен по 20 години минати во „домашен затвор“
Бразилската полиција соопшти дека случајно открила човек, за кого соседите на зградата во која е пронајден, тврдат дека членовите на неговото семејство го држеле затворен повеќе од 20 години.
Триесет и шестгодишниот човек бил пронајден во текот на една полициска рација за разбивање на канал за шверц на дрога, изведена во сиромашнте квартови на градот Гуаролхос во југоисточен Бразил.
Во полициското соопштение се вели дека човекот бил неухранет и не можел да зборува, ниту да стои на нозе.
Лицето целосно му било обраснато со брада, која достигнувала до неговата половина.
Соседите ја информирале полицијата дека неговите родители го прогласиле за „исчезнат“ кога имал 16 години.
Според нив, како тинејџер тој бил одличен ученик, но редовно бил малтретиран и тепан од неговата маќеа. Подоцна таа објавила дека момчето „исчезнало без трага“.
Во просторијата во која бил пронајден човекот, имало само кревет и крајно скромен тоалет, додека на ѕидовите имало прикачени синџири.
Ослободениот човек итно бил префрлен в болница, каде било констатирано дека е со нарушено ментално здравје.
Во куќата каде бил пронајден човекот, не биле неговиот татко, маќеата и нејзиниот син, за кои соседите изјавиле дека само „повремено навраќале“.
Полицијата го привела на сослушување таткото, кој тврдел дека неговиот син „побегнал“ и дека пред извесно време се појавил онаков каков што е сега.
Полицијата го обвини за незаконско затворање и задржување.
Ново на Сител
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова