Ботас: Ако не можам да станам шампион, тогаш би сакал Хамилтон да ја освои титулата
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас рече дека нема да се откаже од обидот да ја освои титулата во Формула 1 шампионатот, сè додека постојат и теоретски шанси за такво нешто.
Во исто време, Ботас призна дека ако тој самиот не може да победи, повеќе би сакал да го види својот тимски колега Луис Хамилтон како шампион отколку Макс Верстапен.
На шест трки до крајот на шампионатот, Ботас е вкупно трет со 85,5 поени зад водечкиот Макс Верстапен.
– Во теорија, сè уште имам шанса за титулата. Но, ако не можам да станам шампион, тогаш подобро е да ја освои титулата Луис. Како што реков пред неколку недели, фокусот е на тековната сезона. Тимот има тешка задача да ја заврши. Значи, треба да продолжиме да работите. Што се однесува до Алфа Ромео, сè уште не сум бил таму. Имавме само неколку состаноци. Сигурен сум дека во одреден момент ќе ја посетам базата на Алфа и ќе зборуваме посуштински, но сега целото внимание треба да биде насочено кон тековната сезона, додаде Ботас.
Тој од следната година ќе биде возач на Алфа Ромео.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови