Кошарка
28. May 2024 - 8:11

Бостон прв финалист во НБА плејофот

Кошаркарите на Бостон Селтикс станаа шамион на Источната конференција и се првиот финалист во НБА лигата откако успеа да слават во финалната серија против Индијана пејсерс со 4-0.

Селтикс славеа и на последниот меч во Индијанаполис во финалето овој пат со 102-105 и со тоа обезбедија нова финална серија во најсилното кошаркарско првенство во светот.

Во финалето Бостон го чека подобриот од серијата меѓу Далас и Минесота, каде тимот на Дончиќ и Ирвинг имаат предност од 3-0.