Loading Video...
Кошарка
26. May 2022 - 10:40

Бостон на една победа од пласман во големото НБА финале

Екипата на Бостон го доби и петтиот  дуел против Мајами во финалето  на Источната конференција од НБА плајофот, па сега „Селтикси“ ги дели само уште една победа до пласман во големото финале. 
 
 
На теренот на противникот Бостон славеше со 93-80 и поведе со 3-2 во победи во серијата подобар до четири. 
 
Најзаслужни за оваа побета на „селтикси“ беа Џелејн Браун кој беше најефикасен со 25 поени и Џејсон татум кому му недостасуваше едена асистенција да оствари трипл-дабл, а на 22 поени придодаде 12 скокови и 9 асистенции
 
Парава шанса за пласман во големото финале Бостоин ќе ја има на домашен терен,  веќе во сабота наутро во 2 часот и 30 минути.
 
А, ноќеска во 3 часот по полноќ ќе се игра петиот финален меч во Западната конференција, и тоа во Сан Франциско каде домашниот Голден Стејт влегува со предност од 3-1 во победи против Далас, па доколку „Воините“ победат тие ќе бидат првите патници во големото НБА финале.