Босна и Херцеговина нема да ја добие првата рата од Планот за раст на ЕУ, бидејќи не се договорила за реформската агенда
Босна и Херцеговина нема да ја добие првата безусловна рата од предфинансирањето од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, бидејќи не е договорена реформската агенда, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Делегацијата објави дека на 16 јули властите на БиХ ја информирале Европската комисија дека нема политички консензус и дека не можат да го финализираат претходно доставениот нацрт текст на комплетната реформска агенда, како неопходен предуслов за учество во Планот за раст на Западен Балкан.
Делегацијата на ЕУ извести дека ЕК претходно подготвила оценка за нацрт-реформската агенда на БиХ и ги доставила своите коментари до властите во БиХ, заедно со барањето за одредени ревизии.
Од делегацијата на ЕУ велат дека првата транша од Планот за раст може да се исплати само откако Европската комисија и Босна и Херцеговина официјално ќе се договорат за реформската агенда.
Ново на Сител
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж